Како Гренланд стана дел од Данска

Најголемиот остров во светот Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, но има одредена автономност, е во фокусот на јавноста поради тоа што САД отворено покажува дека сака да го заземе.

Според американскиот претседател Доналд Трамп тој бил важен за националната безбедност на САД, а од Белата куќа соопштија дека за негово заземање опција е и воена интервенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И воена сила е опција за зазаемање на Гренланд од страна на САД

Треба да се каже дека островот има и наоѓалишта на нафта и гас, но и на ретки минерали.

Како островот стана дел од Кралството Данска

Во 10 век, нордиски народи се доселиле во јужниот дел на островот. Во 13 век на островот се доселиле Инуитите и во 15 век нордиската колонија исчезнала.

Во раниот 18 век контактите меѓу Скандинавија и Гренланд биле повторно воспоставени и Данска ја основала својата колонија на островот. Гренланд станал данска колонија во 1814 година, по долгиот период на управувањето од страна на данска-норвешка, поточно норвешка управа.

Со уставот од 1953 година, Гренланд станал дел од Кралството Данска.

Во 1979 година, Гренланд се стекнал со статус на „домашна управа“, а во 2008 година Гренланѓаните гласале за префрлање повеќе ингеренции од рацете на данската власт во рацете на гренландската.

Така, Гренланд станала автономна уставна држава на 21. јуни 2009 година.

Во рацете на данските власти се меѓународните односи, безбедноста и финансиската политика, како и обезбедување 3,4 милијарди круни за Гренланд. Овие финансиски средства се очекуваат да се намалуваат како што се зајакнува гренландската економија.

Кој управува со островот

Шеф на државата на Гренланд е данската кралица Маргарета II Данска. Бидејќи Гренланд е уставна држава во рамките на Кралството Данска, данската кралица управува со овој остров, покрај копнена Данска.

Данската кралица и данскиот парламент назначуваат Висок комесар на Гренланд, кој го претставува островот.

Во парламентот на Данска, Гренланд е претставен од двајца пратеници кои се избираат од гренландските граѓани. Данскиот парламент има 179 пратеници.

Гренланд има и свој парламент кој има 31 член. Шеф на владата на Гренланд е премиерот, кој најчесто е водач на најголемата партија.

Гренланд во најголем дел е ненаселен остров.

Според податоци од 2018 година има 55.877 жители.

Главен град на Гренланд е Нук, а службен јазик е гренландскиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

Користени материјали од wikipedia.org.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести