Независната кандидатка за градоначалник на скопски Центар, Билјана Ивановска денеска беше на распит во Основното јавно обвинителство Скопје за приватната кривична пријава од февруари, во времето кога беше претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поканата за Ивановска да оди во Обвинителството е од јули за приватна кривична од февруари
Таа по распитот не откри од кое приватно лице е кривичната пријава, бидејќи и било посочено да не споделува детали, оти истражната постапка за случајот е во тек, а истата била поврзана со предмет кој го отворила Антикорупциска. Не откри и за кој предмет станува збор.
Кажа дека во пријавата од подносителот била обвинета за несовесно работење поради начинот на кој предметот бил презентиран пред јавноста.
Предметот по сопствена инцијатива го оформил член на Комисијата. Постапката за него е завршена, без некои наоди.
-Она што било спорно за пријавувачот е начинот на кој ние сме комуницирале со јавноста, а вие знаете дека како ДКСК бевме премногу транспарентни и ги споделувавме информациите со јавноста без проблем околу тоа, рече таа меѓудругото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По објавата на кандидатура за градоначалник, Ивановска добила кривична пријава
МВР не води никаква постапка за Ивановска