Првиот круг од локалните избори ќе се повтори во три општини, бидејќи во нив немаше доволна излезност.
Според Изборниот законик, за да има победник или втор круг мораа да гласаат минимум 33,33% од избирачите.
Изборите ќе се повторат во општините Маврово и Ростуша, каде според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) излезноста е околу 30,31%, во Врапчиште, околу 25,18% и во Центар Жупа каде излезноста е најниска – околу 21,49%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници
Вреди доби пет градоначалници во првиот круг
СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини
Фото: Игор Бансколиев