Известувачот на ЕП за Македонија, Вајц и еврокомесарката Кос, цел на клевтничка капања и закани од Бугарија

Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц, кој е еден од европратениците кој предложи во Извештајот на ЕП за земјава да се споменат и македонскиот јазик и идентитет, но и еврокомесарката за проширување, Словенката Марта Кос, се цел на клеветничка кампања и закани од Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои европратеници бараат македонскиот идентитет и јазик да бидат вметнати во Извештајот на ЕП за Македонија

Седумнаесете бугарски европратеници го обвинија Вајц за пристрасност кон Македонија, а како што објави европски Политико тој реагирал дека е на мета на закани од страна на бугарските европарламентарци и дека добил пораки со заканувачка содржина откако неговиот телефонски број протекол на бугарски екстремно-десничарски профили на социјалните мрежи.

Тој негира било каква пристрасност за Извештајот за Македонија.

Не е поштедена ни Кос, која смета дека Македонија и Бугарија треба да го решат билатералниот спор, за кој пак Бугарите велат дека бил европски.

За неа тамошните медиуми пишуваат дека е неспособна, а во фокус им се и нејзините наводни врски во минатото со поранешната југословенска служба за безбедност – УДБА.

Расправата за Извештајот за Македонија пред неколку дена беше презакажана за 24. јуни, а за истиот треба да гласа во јули.

Но, сега е можно овој извештај воопшто да не биде усвоен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 24. јуни одложена расправата за Извештајот на ЕП за Македонија

Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија

Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести