Силија Флорес, сопругата на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, која исто така беше заробена од САД во своето прво обраќање пред федералниот суд во Њујорк, кажа дека е невина за делата кои САД и ги става на товар и дека таа е прва дама на Венецуела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не се сум виновен, јас сум претседател на Венецуела, кажа Мадуро пред федералниот американски суд
Нејзиниот адвокат меѓу друго рече дека таа имала сериозни модринки во пределот на ребрата и дека ќе ѝ биде потребна соодветна медицинска грижа.
Посочи и дека таа е „во добро расположение“ и дека е подготвена за долг судски процес.
И таа како нејзиниот сопруг од страна на САД се товари за заговор за нaрко-тероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување на автоматско оружје и експлозивни направи, како и за здружување со цел незаконско поседување на такво оружје.
Следното рочиште е закажано за 17. март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД
(Видео) Заробениот Мадуро е во Њујорк
Која е Делси Родригез, в.д. претседателката на Венецуела
Фото: Мадуро/Фејсбук














