Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова ги предложи Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска Анастасовска за членови на Судскиот совет.
Јошевска Анастасовска е адвокатка, претежно во областа на кривични предмети, а Кадри Шахиновиќ е професорка која предавала на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и на МИТ Универзитет, а е и поранешен член на Комисијата за помилување.
Претседателката има право да предложи двајца кандидати, осум членови избираат судиите од своите редови на непосредни избори, тројца членови избира Собранието, со Бадентерово мнозинство, а уште двајца членови предлагаат претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои немаат право на глас.
Предлозите на Силјановска Давкова се очекува следната недела да влезат во собраниска процедура.
Фото: Кабинет на претседателката













