Јове Кекеновски влезе во Одборот на директори на ЗК Пелагонија, Селаудин Арифи отповикан

Од ЗК Пелагонија АД Битола преку Македонската берза информираа дека од Одборот на директори (ОД) на Друштвото се отповикува членот Селаудин Арифи.

За неизвршен и независен член на ОД пак е избран Јове Кекеновски од Скопје, кој е дипломиран правник и доктор на политички науки.

Мандатот од четири години им се продолжува на Цветан Панделески, Весна Белешовска Бунтеска, Александар Георгиев и Анета Ѓоргиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија со добивка во првото полугодие

4,1 милиони денари за надомест на членовите на ОД на ЗК Пелагонија лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести