Кои локални јавни претпријатија лани имале најголема загуба

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека лани дури 71 од вкупно 128 локални јавни претпријатија работеле со загуба.

Нивната вкупна загуба изнесува 17,4 милиони евра.

Вкупните загуби само на првите 10 претпријатија со најголеми негативни финансиски резултати изнесуваат 13,5 милиони евра.

На првите три места со најголеми загуби во Македонија се три скопски јавни претпријатија – Водовод и канализација, Улици и патишта и Комунална хигиена, покажува истражувањето.

Само скопски Водовод има загуба од 4,2 милиони евра.

На четврто и петто место се две битолски претпријатија, Водовод и Комуналец. Следи уште едно скопско претпријатие, Паркови и зеленило, а потоа комуналните претпријатија од Кочани, Велес, Охрид и Прилеп.

Загубите на локалните јавни претпријатија во 2024 година се зголемени во однос на 2023 година дури за 56 %, односно за 6,2 милион евра, покажува истражувањето.

Во последните неколку години зголемен е и бројот на претпријатија што работеле со загуба и тоа од 54 во 2023 година на 71 претпријатие во 2024 година.

Соодветно на тоа, намален е бројот на претпријатија што оствариле добивка во 2024 година, но вредноста на добивката на овие претпријатија е зголемена, се вели во истражувањето.

Во 2024 година вкупната добивка изнесува околу 5,4 милиони евра, што е за 24 % повеќе од 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Локалните јавни претпријатија во очајна финансиска состојба: Милионски загуби, долгови и блокирани сметки

Илустрација: ЦГК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести