Кои локални јавни претпријатија лани имале најголеми долгови

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека уште поголеми од загубите се долговите на локалните јавни претпријатија, остварени лани, мерени преку нивните краткорочни обврски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои локални јавни претпријатија лани имале најголема загуба

Според нивните завршни сметки, дури 126 од 128. локални јавни претпријатија имаат долгови кои вкупно изнесуваат 193,2 милиони евра.

Најголеми долгови има истото претпријатие кое има и најголема загуба – Водовод и канализација Скопје. Само ова претпријатие има краткорочни обврски од 53,3 милиони евра.

Следно е Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје кое има долгови од скоро 17 милиони евра.

Со долгови од по речиси 10 милиони евра се следните две претпријатија, кумановски Водовод и гостиварски Комуналец. На петто место, со долгови од 8 милиони евра се наоѓа скопска Комунална хигиена.

Првите десет претпријатија со најголеми долгови, заедно долажат 40% од вкупните долгови на сите претпријатија, а долгот на првите 20 најзадолжени претпријатија изнесува 53% од вкупните долгови.

Преглед на јавните локални претпријатија со најголеми долгови. Сумите се во евра:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Локалните јавни претпријатија во очајна финансиска состојба: Милионски загуби, долгови и блокирани сметки

Илустрација: ЦГК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести