Во локалните јавни претпријатија лани работеле 12.009 лица, каде има најмногу вработени?

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека во 128 претпријатија на локално ниво, лани во постојан работен однос биле 12.009 вработени.

Најмногу вработени, по повеќе од илјада, имаат три скопски локални претпријатија – Комунална хигиена, Јавното сообраќајно претпријатие и Водовод и канализација.

Од другите градови, претпријатие со најмногу вработени е штипски Исар.

Инаку, бројот на вработени во локалните јавни претпријатија е во благ пад, се посочува во истражувањето. Во 2024 година бројот на вработени изнесува 12.009, што е за 171 вработен (1,4 %)  помалку од 2023 година, односно 462 вработени (3,7 %) помалку од 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои локални јавни претпријатија лани имале најголеми долгови

Кои локални јавни претпријатија лани имале најголема загуба

Локалните јавни претпријатија во очајна финансиска состојба: Милионски загуби, долгови и блокирани сметки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести