53-годишен Украинец усмртен од 22-годишна Косоварка на патот Скопје-Долно Блаце

Маж од Украина на возраст од 53 години почина откако вчера бил прегазен на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот.

Станува збор за К.М., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој починал откако со со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Во него удрило возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од Б.С. (22) од Косово, со живеалиште во Германија.

Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести