Каде има активни пожари денеска

Во Македонија утринава има седум активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во Општина Македонски Брод, пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер во Општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во Општина Бутел, кај селото Николич во Општина Дојран, под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и во селото Крушевица во Општина Кавадарци. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој подметна пожар кај Блаце?

Скопјанец со табла за јајца потпалил сува трева, изгореле 200 метри квадратни тревна површина

За по 24 илјади денари месечно времено ќе се ангажираат 400 невработени лица за гасење на пожари

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести