Вчера во Скопје беше поставен камен-темелникот на маркет на германскиот синџир на маркети „Лидл“ во Реонскиот центар во скопската Општина Аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Лидл во Општина Аеродром ќе се протега на 1.200 квадратни метри
Како што веќе пишуваше еМагазин во Скопје засега е сигурно дека “Лидл“ ќе има и во Општината Карпош, во Драчево, Општина Кисела Вода, а веќе се гради првиот маркет на „Лидл“ во Скопје, на местото на поранешен „Бриколаж“ во Општина Гази Баба.
Засега нема информација кога „Лидл“ ќе го отвори првиот маркет во Македонија. Стратегијата на компанијата е да отвори повеќе маркети истовремено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидл ќе има и во скопски Карпош
Фото: Влада