Како работела Попова Кула во првата половина од годинава

Винарската визба Попова Кула АД Демир Капија првата половина од 2025 година ја завршила со позитивен финансиски резултат во износ од 1.725 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Друштвото споредено со минатата година овој период има сличен финасиски резултат од своето работење, кое во голем дел се должи на малите промени во деловното работење и деловната средина, велат од таму.

Во овој период Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 14.132 илјади денари, кои споредено со истиот период лани се зголемени за 206 илјади денари, а оперативните расходи се зголемени за 352 илјади денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести