Како студентите да се пријават за ваучер за лап-топ или таблет

Студентите треба да креираат свој профил на националниот портал uslugi.gov.mk, како прв чекор за аплицирање за ваучери за електронски уреди.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Вести Плус“ на Канал 5, рече дека аплицирањето сè уште не е започнато, но сега е вистински момент младите да се регистрираат и да креираат свој профил, за да можат брзо и лесно да поднесат апликација кога ќе стартува мерката.

Од Влада најавија над 50 милиони евра кои ќе бидат распределени како ваучери за лаптопи, таблети и слични електронски уреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој студент до 29 години ќе добие по 250 евра за набавка на електронски уред

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести