Каков Извештај за Македонија ќе изгласа денеска Европскиот парламент

Денеска во Европскиот парламент треба да се гласа Предлог-извештајот за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц, кој е во фокусот на јавноста подолг период, пред се поради рефренците за македонскиот јазик и идентитет.

Во првичната верзија на Извештајот македонскиот јазик и идентитет беа споменати на неколку места, потоа беше поднесен амандман пред референците да стои „модерен“ (современ/сегашен), а на крај стигна најава за целосно бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот.

Дали истиот и во каква форма ќе биде изгласен останува да видиме.

Во Извештајот за Македонија, за кој расправата почна вчера, исто така се бара земјата да ги спроведе уставните измени за да продолжи по европскиот пат, се бараат реформи и борба против корупцијата, а истиот нотира и странско влијание – од Србија, Кина и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Словенечка европратеничка во ЕП им се обрати на бугарските колеги на македонски: За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола

Се бришат македонскиот идентитет и јазик во извештајот на ЕП за Македонија

“Mодерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести