Тешкиот инцидент кој се случи на денешниот натпревар помеѓу фудбалскиот клуб (ФК) “Брегалница“ и ФК “Шкупи“, во рамки на Републичкото пионерско коло, е во фокусот на јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што веќе објави еМагазин, повредени се двајца фудбалери на „Брегалница“ на возраст од 15 години. Истите беа физички нападнати од татко на играч на “Шкупи“, кој влета на терен откако неговиот син доби црвен картон и беше исклучен.
Двајцата млади фудбалери беа префрлени во Клиничката болница Штип, од каде информираа дека и двајцата се пожалиле на болки на различни места.
Еден од нив имал болки во главата, вратот и стапалото, но нема констатирани скршеници и е пуштен на домашно лекување.
Другото дете има повреди на носот и е констатирана скршеница, без дислокација. И тоа е пуштено на домашно лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФФМ остро го осуди тепањето на фудбалери пионери на натпреварот “Брегалница“ – “Шкупи“
Фото: МЗ