Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува за Штип

По незаборавните вечери во Охрид и Делчево, музичкиот караван “Македонијо, во срце те носиме“ сега патува кон градот под Исарот, кон Штип.

Штипјани утревечер, 3. септември, со почеток од 20 часот време е да ја отвориме душата и да го исполниме градот со звуците на најубавите македонски песни. Затоа што ова не е само концерт, ова е емоционално обединување и прослава на сѐ што сме – народ со горда историја, богата култура и неизмерна љубов кон татковината.

Во Охрид и Делчево пеевме како едно, а сега е време и Штип да одекне со истиот жар, сега е време да запееме сите затоа што македонската песна не познава граници, не познава поделби – таа живее во нас.

Мисијата наречена Македонијо во срце те носиме, а зад која стои Скендеровски продукција, продолжува – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, да го славиме нашето, македонското, да пееме за Македонија, да бидеме едно!

Ве очекуваме во Штип! 

Вака беше во Делчево:

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести