Ќе го оперирал вториот тестис: Газдата на „Дурмо турс“ доби ново одложување да не оди во затвор

Наместо денеска, газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, добил ново одложување за издржување на затворската казна од 10 години за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, за на 17. декември, објави порталот Сакам да кажам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ремзи Мифтари и Дурмиш Белули, осудени во мај за несреќата кај Ласкарци, се уште не се во затвор, Мифтари е недостапен за полицијата

Причината е што сега требало да го оперира од кила вториот тестис. Претходно во октомври доби одложување поради операција на другиот тестис.

Во меѓуевреме, Ремзи Мифтари, одговорниот за возниот парк во „Дурмо турс“, осуден на казна затвор од 10 години, кој исто така доби одложување за извршување на казната поради операција на кила на тестиси, стана недостапен за полицијата, која за него распиша меѓународна потерница.

И двајцата беа осудени во мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Објавена потерница за Ремзи Мифтари, осуден за несреќата кај Ласкарци, кој е недостапен за полицијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести