Од Управата за јавни приходи (УЈП) најавуваат дека во следните денови ќе има присилна наплата откако од таму по истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, биле утврдени значителен број на неплатени обврски.
Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули, а кај 11.555 фирми не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец.
-Дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок, велат од таму.