Километар е 22 денари: Од денеска можете да изнајмите електричен автомобил

Од денеска, во Скопје, граѓаните ќе можаат да изнајмуваат електричен автомобил.

На стартот на овој проект на приватна фирма ќе можат да се изнајмуваат 100 електрични автомобили, а принципот на изнајмување е ист како и изнајмувањето на електричните тротинети.

Треба да ја симнете мобилната апликација avant2Go.mk, преку која ќe можете да се платите и изнајмувате автомобил.

Моментално возила има на располагање во општините Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Аеродром.

Возилата на „Avant2Go Car-Sharing“ ќе може да се изнајмуваат на поминат километар или изминато време.

Цените се движат од пет до шест денари за една минута во дневната тарифа и од два до три денари во ноќната тарифа или 22 денари за еден километар.

Минималната цена за изнајмување е од 149 до 199 денари, а максималната од 1.490 до 1.990 денари, во зависност од возилото.

Фото: Општина Аеродром/Дејан Митески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести