За судењето за трагедијата во Кочани ќе има две рочишта неделно, започнува на 19. ноември

Судењето за трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 63, а беа повредени 202 лица, како што е познато започнува следната недела на 19. ноември.

Истото така како што е познато тоа ќе се одвива во судницата на Казнено-поправната установа Идризово.

Како што информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје и Основно јавно обвинителство за судењето ќе има по две рочишта неделно.

Веќе се утврдени првите три, кои ќе одржат на 19, 25 и 26. ноември. За судењето ќе има засилени безбедносни мерки, а ќе има присуство и на лекарска екипа.

Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното сослушување.

Предметот ќе го застапуваат 15 јавни обвинители.

За случајот се обвинети 35 физички и три правни лица.

Трагедијата се случи на 16. март годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести