(Видео) Зошто се уште нема обвинение за полициските службеници, повторно прашаа родителите на загинатите во пожарот во Кочани

Во Кочани вчера се одржа 36. Марш на ангелите, а на истиот родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“, повторно прашаа зошто се уште нема обвинение за полициските службеници кои се опфатени со втората истрага за случајот.

Станува збор за втор предмет за трагедијата, а од Основното јавно обвинителство, обвинение за него најавија за во средината на декември лани.

Тие исто така им додадоа поддршка на лицата против кои обвинетиот Михајло Јованов, синот на сопственикот на „Пулс“, првообвинетиот Дејан Јованов Деко, поднесе тужба поради демолирањето на кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, еден ден по трагичниот пожар. Тој бара од тужените отштета од 1,2 милиони денари или околу 20.000 евра.

Родителите на маршот исто така прашаа и како може лице за кое се говори дека е осомничено во врска со трагедијата, да продава имот кога во тек е судска постапка.

Семејствата на загинатите, на почетокот на маршот со една минута молк ѝ оддадоа почит на Фросина Кулакова, која пред една година беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Личност на годината на еМагазин: Хероите во трагедијата во Кочани

Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести