Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Македонија, Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавни обвинители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавни обвинители
Доаѓа на местото на Душица Димитриеска.
Кој е Бесими

Роден е на 27.05.1966 година во Тетово.
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина во1991 година.
Правосуден испит положил во 2001 година.
Во март, 2011 се здобил со стручно звање М-р од областа на комперативната јавна администарција на Европска унија, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Професионално искуство
Во 1991 година се вработил во Министерството за внатрешни работи (МВР) – Сектор за внатрешни работи (СВР) Тетово.
Од 1998 година е помошник началник на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар.
Од 1999 година е началник на крим полицијата во СВР Тетово.
Во 2001 година работи како адвокат со седиште во Тетово.
Во 2008 година е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар.
Во 2009 година е избран за член на Судскиот совет по предлог на претседателот на Македонија.
Во 2014 година е избран за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Македонија.
Од 03.04.2024 година ја извршува функцијата член на Советот на јавните обвинители.
На 17.07.2024 година е избран за заменик претседател на Советот на jавните oбвинители.
Фото: Совет на јавни обвинители













