Кој е Јенс-Фредерик Нилсен, премиерот на Гренланд

Ледениот остров Гренланд, дел од Кралството Данска, стана топ тема откако САД отворено најави дека сака да го преземе и поседува.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој до неодамна најавуваше дури и воена интервенција за заземање на островот, деновиве ја спушти топката и рече дека таква опција не е повеќе во игра, но САД не се откажува од Гренланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп се откажува од царините заради Гренланд, вели дека е постигнат договор за островот

Трамп тврди дека се исцртува договор со кој сите ќе бидат среќни. Официјални детали од договорот не се познати, но одредени светски медиуми објавија дека е можно САД сепак да добие делови од островот.

Трамп пак за договорот вели дека ќе бил долгорочен, дека оди во прилог на идејата на САД таму да го гради одбранбениот ракетен систем „Златна купола“, зголемувањето на американското воено присуство, но и во делот на правата за користење на критичните минерали кои ги има на островот.

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, пак вчера изјави дека неговата земја (Гренланд има полуавтономен статус) и Данска не знаат што има во договорот, но нивната црвена линија е дека нема договарање за поседување на островот и дека е за дијалог.

Кој е Фредерик Нилсен

Роден е на 22 јуни 1991 година, а е премиер од лани.

Тој е лидер на партијата Демократит.

Во периодот од мај 2020 до февруари 2021 годинаа бил министер за труд и минерални ресурси.

Дипломирал општествени науки на Универзитетот во Гренланд.

Тој е и член на националниот тим за бадминтон на Гренланд од 2009 година.

Малтретиран поради потеклото

Фредерик Нилсен е роден и израснат во Гренланд. Неговиот татко е Данец, кој се преселил во Гренланд како дете, а неговата мајка е од островот.

Како што има изјавено во повеќе интервјуа бил и физички малтретиран во детството поради неговото мешано потекло и изглед, му било посочувано „да се врати во Данска“, но и дека наставниците честопати не интервенирале за малтретирањето.

Токму овие искуства влијаеле врз неговите политички ставови и неговото залагање за разновиден и инклузивен Гренланд, со еднаков простор за сите кои сакаат да придонесат во општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Гренланд стана дел од Данска

Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

Фото: Фејсбук/Фредерик Нилсен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести