Милан Кораќ се врати во Управниот одбор (УО) на акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација – М-НАВ Скопје.
Тој е именуван за нов извршен директор за воздухопловна техника.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ
Доаѓа на местото на Климент Чепуњоски.
Кораќ беше во УО на М-НАВ десет месеци и минатата година, а беше и претседател на УО.
Кој е Кораќ
Кораќ е дипломиран инженер по електротехника.
Во УО на М-НАВ влезе од функцијата раководител-инструктор за електроенергетика во М-НАВ.
Пред да се вработи во М-НАВ, 14 години работел во Агенцијата за цивилно воздухопловство, на позицијата раководител-инструктор за електроенергетика во Секторот за воздухопловна техника.
Тој има повеќе од 26 години работно искуство во областа на воздухопловството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Милан Кораќ, кој е именуван за нов извршен директор во М-НАВ