Кој е Орце Ѓорѓиевски, кој со Амар Мециновиќ, оди во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

Очекувано, актуелниот градоначалник на скопска Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, оди во второт круг за избор на нов градоначалник на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје, Каја Шукова е четврта

Изненадувачки, во вториот круг оди и кандидатот на опозициската Левица, Амар Мециновиќ.

Според податоци на Државната изборна комисија (ДИК), трето пласиран во првиот круг за оваа функција е кандидатот на владејачката коалиција Вреди, Башким Бакиу, на четврто е кандидатката на коалицијата предводена од опозициската СДСМ, Каја Шукова, а на петто кандидатот на коалицијата предводена од опозициската ДУИ, Скендер Реџепи.

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои се одржаа во недела доби и најголем број советници во Советот на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Амар Мециновиќ, кој со Орце Ѓорѓиевски, оди во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

Кој е Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски е роден на 5. август 1987 година.

Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, на Одделот за политички студии.

Магистрирал во областа на менаџмент на човечки ресурски.

Активно зборува англиски јазик.

Политичка кариера и работно искуство

Освен политичко, има и работно искуство во приватниот сектор.

Член на партијата е од 2005 година, а својата партиска кариера ја започнал како претседател на Местен комитет (МК) на Унијата на на млади сили (УМС). Подоцна станал член на Општинскиот комитет (ОК) на УМС Кисела Вода, од каде што во 2008 година станала претседател на УМС ОК Кисела Вода и член на Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот 2013-2016 година бил член на Извршниот комитет (ИК) на УМС ВМРО-ДПМНЕ, во 2015 година бил назначен и за потпретседател на УМС, а во 2016 година станал претседател на ОК Кисела Вода.

Во 2018 година станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори во 2017 година беше избран за член на Советот на Општина Кисела Вода.

На следните локални избори, во октомври 2021 година, стана градоначалник на Општина Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници

СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини

Меџети стана градоначалник, кој ќе биде нов прв вицепремиер?

Фото: Ѓорѓиевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести