Кој е РК Алкалоид: Како стигна до освојување на Европскиот куп

Освојувањето на Европскиот куп на Европската ракометна федерација (ЕХФ) од страна на македонскиот ракометен клуб Алкалоид е во фокусот на јавноста.

Алкалоид го освои Купот, откако вчера од ЕХФ конечно донесоа одлука за неодигрувањето на реванш натпреварот од финалето на Купот помеѓу македонскиот клуб и грчкиот АЕК, чии играчи во Скопје не излегоа на терен, па Алкалоид го доби мечот службено, а претходно победи во Атина, Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид го освои Европскиот куп, ЕХФ конечно пресече

Оваа е прва европска титула за младиот клуб.

Алкалоид има освоено по една титула во Купот на Македонија и Суперкупот на Македонија.

Како се формираше РК Алкалоид

РК Алкалоид е формиран на 7. јули 2021 година од страна на Алкалоид АД Скопје, а го води Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на македонската компанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мукаетов: Со визија и млади таленти РК Алкалоид од салата во Автокоманда стигна до врвот на Европскиот куп

РК Алкалоид започна да се натпреварува во Првата македонска лига во сезоната 2021/22, a првично своите домашни натпревари ги играше во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

На 18. септември, екипата на РК Алкалоид го одигра својот прв службен натпревар.

По успешниот настап во дебитантската сезона во Првата лига која ја освои, обезбеди пласман во Супер лигата во сезоната 2022–23.

Во мај 2022 година, клубот достави барање за да ја земе под концесија Спортската сала “Автокоманда“, а во меѓувреме, екипата своите натпревари ги играше во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Главен тренер на РК Алкалоид во првата сезона во Супер лигата стана македонската ракометна легенда Кирил Лазаров.

Во 2022 година беше формиран и вториот тим на РК Алкалоид, РК Мулти Есенс, екипа составена од помлади талентирани играчи. РК Мулти Есенс имаше успешна сезона и како првопласирана екипа обезбеди учество во најсилната конкуренција, во сезоната 2023–24.

Во сезоната 2022–23 РК Алкалоид беше вицепрвак во Супер лигата. Со тоа, клубот обезбеди учество во ЕХФ Европската лига и тоа директно во групната фаза од натпреварувањето.

Наредната сезона 2023–24, РК Алкалоид го освои за прв пат Купот на Македонија, победувајќи ги РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во полуфиналето и финалето. Во лигата, сезоната ја заврши на третото место и обезбеди пласман во ЕХФ Европскиот куп.

Како победник на Купот, РК Алкалоид се натпреваруваше во Суперкупот на Македонија 2024, каде уште еднаш во финалето го совлада РК Еурофарм Пелистер, и ја освои својата прва титула во Суперкупот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мечот помеѓу Алкалоид и АЕК не се одиграл поради безбедносни причини, срамно соопштение од ЕХФ

ЕХФ наместо одлука поведе постапки за Алкалоид и АЕК

Фото: РК Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести