Советникот во Општина Кочани, Аки Акиов е во фокусот на јавноста откако вчера за време на седница на Советот на Општината предизвика инцидент и удри со пластично шише службеничка, која е правничка.
Инцидентот настана откако претходно имаше вербална расправија со координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков, со кој сакаше и физички да се пресмета, но беше спречен од другите советници и вработени во Општината, меѓу кои и в.д. градоначалникот Венко Крстевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шишето беше наменето за Стојков, но ја удри по главата службеничката, која заврши на преглед во болница, а интервенираше и полицијата.
Засега нема официјална информација за здравствената состојба на службеничката.
Седницата на која што требаше да се расправа за дивоградбите и состојбата во Кочани по трагедијата, беше прекината и не продолжи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Акиов
Акиов е советник на Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР).
Според податоци од официјалната страна на Општината тој е раководител на Одделението за јавна чистота во Комуналното јавно претпријатие Водовод – Кочани.
Таму пишува и дека активно бил вклучен во сите проекти кои ја засегаат ромската заедница.
Фокус пак потсетува дека пред околу три години од неговата партија обвинуваа дека Акиов бил хоспитализиран во кочанската болница, бидејќи по промената на власта трпел мобинг од страна на директорот на Водовод и тогашниот градоначалник на Кочани, и се наоѓал во тешка состојба поради претрпена психичка и физичка болка и дека бил разрешен од раководната функција во Водовод без образложение.
Од Водовод пак посочија дека Акиов бил разрешен поради неквалитетно извршување на работните обврски.
Во 2023 година Акиов до медиуми достави соопштение во кое се жалеше дека му било одбиено барањето да добие користење на годишен одмор, па од Водовод информираа дека според нивната евиденција, тој во последните десет месеци користел боледување од дури седум месеци, како и еден месец одмор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советникот Акиов мора правно да одговара, вели градоначалникот на Кочани, Крстевски
Фото: Фејсбук/Акиов