Кој е ставот на Македонија за Гренланд, кој САД сака да го преземе

Македонија, која периодов на меѓународната сцена подржа повеќе ставови на САД, верува дека ќе се најде решение во согласност со меѓународното право за Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, а САД сака да го преземе.

Оваа денеска го кажа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, прашан за нашата позиција и дали ќе дадеме поддршка на САД, кој е наш стратешки партнер.

Тој рече дека земјата внимателно ја следеле состојбата и дека веќе имало дискусија и во рамки на НАТО како ќе се постави Македонија.

-Јас искрено сакам да верувам дека ќе се најде некое рационално решение, кое е во согласност со меѓународното јавно право, а по однос на конкретни идни хипотетички дејствија не би можел да одговорам, рече Муцунски, подвлекувајќи дека секое позиционирање на нашата надворешна политика за разни прашања се гледа низ призма на конкретен пример.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска, Норвешка, Германија и Франција праќаат војници на Гренланд

Како Гренланд стана дел од Данска

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести