Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на Народната банка

Трајко Славески и официјално е новиот гувернер на Народната банка, откако вчера во македонското Собрание ја потпиша свечената изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајко Славески избран за гувернер на Народната банка

Тој ќе има мандат од седум години, а доаѓа на местото на Анита Ангеловска Бежоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 20 години искуство, Анита Ангеловска-Бежоска заминува од Народна банка

Кој е Трајко Славески

Славески е роден на 22. септември во 1960 година.

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во 1983 година.

На истиот факултет и докторирал.

Последипломски студии завршил на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД и на Универзитетот Харвард, САД.

Работно искуство

Во март 2003 година бил избран во звањето вонреден професор за предметите Макроекономија и Државна регулација на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„.

Славески бил визитинг-професор и на Државниот Универзитет во Аризона, САД во 1997 година.

Од 1999 година пак предавал на последипломскиот студиум „South Easteren European Studies“ на Националниот и каподистриски Универзитет во Атина, Грција.

Тој е и автор на бројни книги и статии објавени во Македонија и странство, а бил раководител и на неколку владини проекти од кои произлегле официјални владини документи.

Славески е член и на неколку меѓународни истражувачки мрежи.

Политичка кариера

Во периодот од 1999 до 2000 година тој беше министер за развој во владата на Љубчо Георгиевски.

Од ноември 2000 до септември 2002 година ја вршел функцијата советник на министерот за финансии и национален координатор за подготовка на „Националната стратегија за намалување на сиромаштијата“.

Во мај 2005 година бил избран за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а од април 2005 до август 2006 година бил член на Советот на Град Скопје.

Во август 2006 година стана министер за финансии, а на функцијата остана до јули 2009 година.

Тој е член на Извршниот комотет на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести