И оваа година музичката програма за престојниот Тиквешки гроздобер во Кавадарци, кој се одржи од 5 до 7. септември, предизвика јавна дебата во однос на учесниците, од кои голем дел се од соседна Србија.
Мислењата за музичкиот дел од програмата се поделени, а реагираа и македонски пејачи, но и граѓани кои ја нарекуваат програмата „мала Шумадија“.
Оваа година од македонски изведувачи ќе настапат Тајзи, Трио Мањифико, Куку Леле, Андријана Петрушевска…, а од странство Теодора Џехверовиќ, Наташа Беквалац, Харис Џиновиќ, Марија Шерифовиќ…
