На 9. јули започнува летниот музички open air фестивал „Звукот на Скопје“, во организација на Културно информативен центар – Скопје.
Во Салон 19:19 од 20:30 часот ќе има концерт на Филип Шурбевски Езгија квартет.
Кај Кулпарк (пред КИЦ) од 21:30 часот ќе има концерти на Мартин Џорлев и Педро Хоризонте, а ќе настапи и DJ Amplidyne Effect.
Во Изложбениот салон Империјал 1 од 20 часот ќе има изложба „Резови“ на Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски.
Во Изложбениот салон Империјал 2 од 20 часот ќе има ревијална изложба на алтернативни фотографски техники “ФотоСинтеза“.
Во Изложбенит салон Империјал 2 од 19:30 часот ќе има промоција на книгата „Наследство: Кoшмари“ од Јордан Коцевски + Мини саем на книги.
Фото: Промо