Откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, беше заробен од САД, Уставниот совет на Врховниот суд на земјата за в.д. претседател ја назначи Делси Родригез, која беше потпретседателка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Делси Родригез назначена за в.д. претседателка на Венецуела
Интересно е дека таа е и министерка за финансии и министерка за нафта. А токму нафтата е една од причините за нападот на Венецуела од страна на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе „управува“ со Венецуела до транзиција на власта, Американци ќе продаваат венецуелска нафта
Која е Родригез
Има 56 години и е по професија е адвокатка.
Образование стекнала на Централниот универзитет во Венецуела.
Повеќе од дваесет години, таа е меѓу највлијателните членови на „Чависмо“, политичко движење основано од починатиот Уго Чавез, претходникот на Мадуро.
Нејзиниот брат, Хорхе Родригез е пак актуелен претседател на Националното собрание, а двајцата имаат големо влијание уште од времето на Чавез.
Била и министерка за комуникации од 2013 до 2014 година, како и министерка за надворешни работи од 2014 до 2017 година.
Родригез во 2017 година беше и претседателка на Уставотворното собрание.
Таа има голем придонес во воспоставувањето на репресивниот режим во Венецуела, поради кој околу 8 милиони граѓани ја напуштија земјата изминативе години, а илјадници завршија во затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Заробениот Мадуро е во Њујорк
Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД
На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет
Фото: Фејсбук/Мадуро














