Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, НЛБ Банка и Алкалоид, најтргуваните во јули

Македонската берза го објави билтенот за јули, кој покажува дека најтргувани акции за тој период се акциите на Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје.

Со акцијата на Комерцијална е остварен промет од 128,9 милиони денари, со акцијата на НЛБ Банка, 55,4 милиони денари и со акцијата на Алкалоид, 47,2 милиони денари.

Во Топ пет најтргувани акции се и акциите на Реплек АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести