Колку пари може да изгуби Македонија поради скандалот со парите од ИПАРД 3 програмата

Македонското Министерство за финансии поради корупцискиот скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и истрагата за него, одлучи привремено да ги прекине исплатите од ИПАРД 3 програмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради истрагата за корупција, привремено стопирана исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата

Зависно што ќе покаже истрагата, постои можност Европската унија (ЕУ) да ги стопира финансирањата во ИПАРД 3 програмата, а земјава да остане без 128 милиони евра

ИПАРД 3 е програма за периодот од 2021 до 2027 година, а целта на истата е модернизација на земјоделството, развој на руралните средини и поддршка на агробизнисите.

Во рамките на претходната програма, ИПАРД 2, беа реализирани над 2.300 проекти, што ја позиционираше Македонија како регионален лидер во искористувањето на европските фондови.

Овие пари се значајни за македонското земјоделство. Нивното стопирање може да предизвика забавување на модернизацијата во земјоделството, намалување на конкурентноста на домашното производство, намалување на вработеноста во руралните средини и сериозно поткопување на воведувањето на европски стандарди во земјоделството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илија Стоилев доби 30 дена притвор

За случајот се осомничени пет лица, меѓу кои е и директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, кој заврши во затворски притвор.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски пак не чувствува никаква одговорност за овој случај и не планира да си даде оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е ИПАРД?

За што е осомничен Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Каков имот пријавил Илија Стоилев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој заврши во притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести