Комерцијална банка АД Скопје на 12. јануари продаде 558 сопствени акции по пат на јавна понуда, информираа од Банката преку Македонската берза.
Истите се продадени за 15.568.758 денари или над 253 илјади евра.
Банката ги продаде акциите заради исполнување на законската обврска за оттуѓување на сопствени акции во утврден рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка со намалена добивка во третиот квартал
Колку пари чувале граѓаните и фирмите во Комерцијална банка во третиот квартал












