Во прекрасниот амбиент на Cafè Literatura во „Дајмонд мол“, на 9. јули (среда), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во концертот на Никола Стојковски (ФИН проект) и Тања Царовска. На настанот ќе го промовираат нивниот нов музички албум „Егрегор“.
Специјални гости на концертот ќе бидат: Петар Христов (саксофон и кларинет), Горан Трајкоски-Готра и Билјана Петровска (пијано).
„Настан кој нема да ве остави рамнодушни, со музика која најверојатно ќе стане дел од вашата лична фонотека,“ велат организаторите.