Концерт на Војаж на 19. јули во Битола

Војаж ќе настапи во Битола на 19. јули на Ракометното игралиште.

„Војаж, најгласниот, најстримуваниот и најследениот артист на новата генерација, со армија фанови ширум Балканот, со милионски прегледи на дигиталните платформи и со репутација на артист кој поставува нови стандарди, пристигнува во Битола со целосно авторско шоу, подготвено по највисоки сценски, визуелни и продукциски стандарди.

Тој е симбол на новото време и артист кој ја спојува уличната култура со современата музичка продукција, а неговите песни не се само хитови, тие се гласови на генерацијата која расте во свет без граници, но со јасна визија.

Сет-листата ќе ги опфати најголемите негови хитови, меѓу кои „Гад“, „Лалала“, „Танго“ кои веќе одамна се дел од колективната меморија на младата публика. Секоја песна е приказна, а секој концерт искуство кое ќе се памети.

На една сцена – музика, визуелно лудило, енергија што гори до последниот рефрен и публика што ќе вибрира до самиот крај,“ велат организаторите.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на kupikarta.com, Brothers Tobacco на Широк Сокак.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести