„Костал“ идната година ќе инвестира уште 30 милиони евра

Од германската компанија „Костал Македонија“, која работи во Охрид, денеска најавија дека следната година ќе инвестираат нови 30 милиони евра, со што ќе се отворат 200 нови работни места.

Компанијата е присутна на македонскиот пазар девет години, а како што информираа од менаџментот, заклучно со декември 2025 година таа очекува да оствари за 60% повисоки приходи споредбено со лани.

Минатата година „Костал Македонија“ ја заврши со приходи од 149 милиони евра и добивка од 1,8 милиони евра.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести