National Geographic ме инспирираше да станам документарист, ова ми е најголемото животно достигнување: Котевска за откупувањето на „Приказната за Силјан“

Една од причините поради која сум документарист е поради National Geographic и фактот дека „Приказната за Силјан“ е откупена од нив за мене е најголемото животно достигнување, вели режисерката и продуцентка на филмот Тамара Котевска.

„Буквално како мала седев пред трафика, чекав да отвори за да купам списание еднаш месечно што излегуваше, сонував да бидам дел од тие авантури и да можам тоа да го работам еден ден. Тоа ми било најголемата мотивација, но исто така и многу недостижно нешто. Што и да правиш, си мислев не можеш да стигнеш до National Geographic. Сега кога тоа се случи, тоа беше најголемиот шок за нас и најголемата потврда што може да ја добие еден документарист кој се занимава со сооднос помеѓу човек и природа,“ изјави Котевска.

Таа додаде дека тоа е најголема потврда дека филмот е веродостоен и дека неговата приказна е релевантна на светски рамки.

„Сето ова ни дава надеж дека филмот ќе има уште поголем одек во следната фаза на оскаровската трка, но тоа истовремено нè задолжува да вложиме сериозен труд и работа,“ вели Котевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

National Geographic Documentary Films ја откупи „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

Како се создаваше приказната за „Силјан“, македонскиот кандидат за Оскар: Од украдени материјали, до снимки од луѓе со штркови пред кооперација

Трумф во Венеција: Филмот на Тамара Котевска „Силјан“, ја освои „Наградата на музата“, за најинспиративен филм на Биеналето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести