Од Основното јавно обвинителство Куманово информираа дека денеска до нив е доставена кривична пријава за поранешната сопруга на докторот Зекирија Шаини.
Како што е веќе познато, тој е и носител на листата за советници на коалицијата предводена од ДУИ, за престојните локални избори во Општина Липково, а во него беше пукано пред неколку денови во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ранет кандидатот за советник на ДУИ, Зекирија Шахини
Од Обвинителството велат дека кривичната за неговата поранешна сопруга е поради потикнување при извршување на кривичното дело – загрозување на сигурноста, а со кривичната е опфатено уште едно лице за делото – загрозување на сигурноста.
Пријавата, како што информираат од таму се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани до Шаини, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во врска со инцидентот со пукањето, се уште се проверуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојата сопруга не е вмешана во нападот врз мене, вели Шаини
Ранетиот доктор Шахини пуштен на домашно лекување