Разрешениот Кузмановски има активен факсимил, велат од Фондот за здравство

Според електронската евиденција на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) докторот Игор Кузмановски, кој беше разрешен од функцијата директор на Клиниката за неврологија, во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680, велат од таму.

Истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен помеѓу ФЗО и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје.

„Факсимилот со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот, е активен од 1. април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство. Одобрението за издавање на овој факсимил е дадено врз основа на официјално доставен список на лекари вработени во здравствената установа, потврден и заверен од страна на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје.

Истиот е доставен согласно активниот договор од 2020 година со важност до 2028 година. Воедно, согласно член 3 од договорот склучен помеѓу ФЗОРСМ и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија „обврска на здравствената установа е да обезбеди стручен кадар кој ги исполнува условите утврдени со актите на Министерството за здравство, меѓу кои и условот лекарите да поседуваат важечка лиценца за работа“.

Според актуелната постапка за издавање одобрение за факсимил, која се применува при склучување договори со јавни и приватни здравствени установи, неопходно е да се доставуви барање од самата установа, придружено со важечка лиценца за работа издадена од соодветната комора и заверена на нотар. Со оваа процедура, Фондот го утврдува правото на издавање факсимил во согласност со законските прописи и достапната документација,“ се додава во соопштението.

Од Фондот посочуваат дека тие на 15.11.2024 година се обратиле до Комората за електронско поврзување за преземање на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување на лиценци, но до денес не добиле одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешениот директор на Неврологија, Кузмановски, немал лиценца за доктор

Каков имот пријавил Игор Кузмановски, разрешениот директор на Неврологија

„Момент на моја слабост“, разрешениот директор на Неврологија се извини за снимката на која шмрка кокаин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести