Денеска почна да се гради маркетот на германскиот синџир на маркети „Лидл“, во Општина Аеродром, во Реонскиот центар.
Истиот ќе биде на парцела што се наоѓа покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ во близина на маркетите „Стокомак“ и „Кам“.
Ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со продажен салон од 1.200 квадратни метри и со 57 паркинг места.



Освен во Општина Аеродром, како што веќе пишуваше еМагазин, „Лидл“ во Скопје засега планира маркети и во Општина Карпош, Драчево, Општина Кисела Вода, а на местото на “Бриколаж“ веќе се гради уште еден маркет.
Како што пишуваше веќе еМагазин “Лидл“ планира маркети и во Битола, Струмица, Кавадарци, Куманово, Штип, Тетово, Велес, Кичево, Гостивар… Дел од овие маркети се веќе изградени, а дел се во процедура на градба.
Засега нема официјална информација кога ќе се отворат првите маркети на „Лидл“. Стратегијата на компанијата е да отвори повеќе маркети истовремено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидл ќе има и во Општина Аеродром
Лидл ќе има и во скопски Карпош
Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни
Фото: Влада