Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, денеска од страна на Основниот кривичен суд беше осудена на затворска казна од две години.
Таа беше обвинета за злоупотреба на службената позиција и овластување.
Мора да плати и судски надоместок од 10 илјади денари и да ги подмири судските трошоци, а во период од шест месеци да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.
Таа е ослободена за измама, како и третообвинетата Ана Павлиду, за несовесно работење во службата.
Како што стои во обвинението, Димова со непрофесионално и негрижливо работење овозможила незаконита имотна корист на трети лица, со што е причинета штета од 2,818 илјади денари на европските фондови.
Обвинението против неа беше подигнато во јуни 2022 година.
Фото: Фејсбук/Димова