Електронски ќе може ја гледате листата на чекање за неитни хируршки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни (неитни) хируршки интервенции.

Станува збор за порталот: operacii.zdravstvo.gov.mk.

– Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“.

Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност на лекар, хируршка интервенција, јавна здравствена установа, лекар специјалист, број на пациенти кои чекаат, посочи тој.

Тој наведе и дека во моментот евиденцијата за елективни хируршки интервенции се води во системот Мој термин преку издавање упат со тип „болнички упат за операција“, но утврдени се недоследности, меѓу кои дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција, дел од установите и лекарите користат друг тип упат (конзервативен третман) за евиденција на пациенти на листата, а лекарите листите ги водат во хартиена форма, додека листите на чекање не се редовно прочистувани и тоа создава неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби.

-До јавните здравствени установи кои вршат хируршки интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции, со бројот на реализирани упати за операција во системот Мој термин, рече тој.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести