Љубчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ доби условна казна за предизвикување национална и расна омраза и ширење расизам и ксенофобија

Љубчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој е избришан од Централниот регистар, од Основниот суд Битола доби условна затворска казна од една година, со услов две години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинет.

Тој беше обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Информацијата Ѓоргиевски ја сподели на Фејсбук страната на клубот, која се уште е активна.

Кривична постапка против него поведе Основното јавно обвинителство Битола, а судскиот процес започна во 2023 година.

Обвинителството и Ѓоргиевски имаат право на жалба по пресудата на Основниот суд Битола.

Фото: „Ванчо Михајлов“/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести