Локалните избори ќе се одржат на 19. октомври

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, кои ќе се одржат на 19. октомври.

-Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите, информираа од неговиот Кабинет.  

Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19. октомври, согласно член 16 став 1 од Изборниот законик.

Вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2. ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг. 

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести