Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава.
Истражувањето открива дека загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија. Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра. На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија.
„Во последните години растат и загубите и бројот на претпријатија со загуби. Само првите 10 претпријатија со најголеми загуби, прикажале 77 % од вкупните загуби.
Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат 193 милиони евра. Долговите на 10-те најзадолжени претпријатија се 40 % од вкупните долгови на сите претпријатија.
На дури третина од локалните јавни претпријатија им е блокирана банкарската сметка. Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени во последните неколку години благо се намалува,“ покажува истражувањето.
Фото: Unsplash













