„Луфтханза“ и во зимската сезона ќе лета од Скопје до Франкфурт

Спецјализираниот сајт за авијација Екс ју авијација објави дека германската компанија „Луфтханза“ и во текот на престојна зимска сезона ќе лета од Скопје до Франкфурт.

Во февруари и март авикомпанијата ќе лета трипати неделно – во понеделник, петок и недела.

Авиокомпанијата планира да извршува десет неделни летови во ноември и декември, по што ќе следат седум неделни ротации во јануари.

Јануарскиот распоред нема да вклучува дневна услуга, туку ќе вклучува два лета во одредени денови од неделата.

„Луфтханза“ користи субвенции од македонската Влада и лета на линијата Скопје-Франкфурт од април 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести